December 1, 2020 09:58
Скопје Спорт

Богдановиќ: КК Работнички нема нов сопственик

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на Фејсбук ги демантираше тврдењата дека најтрофејниот кошаркарски клуб „Работнички“ има нов сопственик, но дека управата ќе го предаде владеењето доколку се јави сериозен кандидат.

„Во врска со написите на некои портали дека КК Работнички ја менува сопственичката структура,сакаме да ја информираме спортската јавност дека до моментов КК Работнички нема започнато сериозни преговори со потенцијален нов сопственик на клубот. Доколку постојат иницијативи и предлози за нов сопственик кој ќе ја подобри состојбата и резултатите на нашиот клуб сериозни ќе ги разгледаме и за се ќе ве информираме“, објави Богдановиќ. Во моментов и условите во кошаркарската сала на клубот се во незавидна состојба, па верните навивачи бараат од евентуалниот инвеститор да ја подобри инфраструктурата, напиша Богдановиќ.