January 15, 2021 16:01
Спорт

Богдановиќ го напушти Сакраменто и за 72 милиони долари се пресели во Атланта

Српскиот НБА-кошаркар Богдан Богдановиќ е нов член на Атланта Хоукс. Организаторот на играта го напушти Сакраменто Кингс и за астрономски договор од 72 милиони долари се пресели  во редовите на Атланта. Популарниот Боги во следните четири години ќе настапува во тимот на Атланта каде ќе има годишна плата од 18 милиони долари.

Богдановиќ овој преоден рок го дочека како условно-слободен играч во НБА лигата, што значеше дека Сакраменто можеше и да го задржи во своите редови ако ја изедначеше понудата на Атланта. Но, Сакременто каде Богдановиќ минатата сезона играше за годишна плата од 8 милиони долари,  тоа не го стори и му овозможи на српскиот кошаркар да си замине.