Спорт

Богатите клубови во формирањето на Суперлигата гледаат спас од банкрот

Одлуката 12 европски гигнати да формираат нова фудбалска Суперлига предизвика бура на реакции во Европа, меѓу интеранционалните и националните федерации, клубовите, спортските работници, навивачите… УЕФА реагираше со закани дека инцијаторите ќе бидат исклучени од националните првенства, а на нивните играчи ќе им биде забрането да играат во репрезентациите уште на претстојното Европско првенство кое ќе се одржува од 11 јуни до 11 јули.

Фудбалскиот свет на ова надмудрување гледа како „игра на богатите“ кои сакаат да го зголемат својот профитот. Избраниот прв човек на новоформираната Суперлигата, претседателот на најтрофејниот клуб со европски титули -13, шпанскиот Реал Мадрид, Флорентино Перез на проектот гледа како инцијатива за „спасување на фудбалот“. Според него во време на пандемија клубовите се натрупани со долгови и им се заканува банкрот, а УЕФА не им нуди никаква помош и излез од новонастанатат ситуација.

Медиумите денеска детално ги објавија долговите на 12. клубови кои ја формираа Суперлигата и тие се навистина загрижувачки.

Најмногу долгови има Челзи, нешто повеќе од 1,5 милијарди евра, а потоа следува Тотенхем со 1,28 милијарди евра и Барселона со 1.17 милијарди евра. Реал Мадрид има долгови во висина од 901 милион евра, Интер (630), Манчестер јунајтед (528)…

Најдобро стојат Арсенал и Милан, кои се единствените клубови кои немаат долгови кон банки, туку само за тековни побарувања од 125 односно 151 милион евра.

GoGoAnime watch animes: Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen (https://gogoanime.be/m/ARe2) Episode Preview 02

4Anime 4anime chromecast: Watch Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen (Dub) Episode Preview