January 28, 2022 22:28
Македонија

БНР: Нема промена во бугарската позиција за старт на преговорите

Нема промена во ставот на Бугарија за почеток на преговорите со Северна Македонија за влез во ЕУ на денешниот состанок на Советот за општи работи, објави БНР, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарското вето останува, иако, според дипломатски извор, планираниот остар став на Бугарија, кој требало да биде искажан пред Советот, не бил изразен поради трагедијата на автопатот Струма.

Постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, Румен Александров, најпрвин изразил длабоко сочувство за инцидентот во кој загинаа 45 македонски граѓани и истакнал дека Северна Македонија се уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција.

Тој додал дека Бугарија во последните месеци предложила голем број опции за надминување на отворените прашања како гаранции за правата на луѓето со бугарска самосвест, како и дека Северна Македонија треба да преземе конкретни обврзувачки обврски, од кои некои треба да бидат исполнети на краток рок, а останатите да бидат меѓу барањата на идната преговарачка рамка. Александров рекол дека пред тоа да се случи не може да се очекува напредок.

Словенечкиот државен секретар за европски прашања, Гашпер Довжан, како што јави дописничката на МИА од Брисел, изјави дека голем фокус на денешниот состанок бил ставен на бугарско-македонскиот спор.

-Ме радува што има општа поддршка за целиот процес, но сѐ уште има билатерални прашања, посебно истакнати од страна на Бугарија. Но се надевам дека до крајот на нашето претседавање со ЕУ ќе успееме да ги решиме проблемите, овој процес мора да биде позитивен, изјави Довжан.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

anime stream My Hero Academia

One Piece (Dub)

stream anime online Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

watch anime dub Fairy Tail

Tokyo Ghoul Episode 7