January 21, 2022 21:41
Магазин

„БМВ” го продаде милионитиот електромобил

Германскиот производител на автомобили „БМВ” денеска објави дека веќе има продадено еден милион електрични возила и оти планира да достигне вкупна продажба од два милиони примероци до 2025 година.

– Околу 70 отсто од продадените електрични возила досега, се хибридни. Компанијата верува дека хибридните модели ќе продолжат да играат важна улога, особено за купувачите за кои полнењето не е лесно достапно, изјави Питер Нота – член на одборот на фирмата.

Во обид да го намали испуштањето стакленички гасови, автопроизводителот долго време се залага за инвестирање во низа технологии и – не само во електромобили исклучиво со батерии. Компанијата се противи на целосна забрана на автомобилите со внатрешно согорување.

Намерата е до 2030 година најмалку 50 отсто од нивната светска продажба да бидат целосно електрични возила. Но, оттаму неколкупати нагласуваат дека недостатокот на инфраструктура за полнење е главна пречка за побрзо прифаќање на електричните возила.

– Продажбата на „БМВ” во ноември беше малку под нивото од лани. Тоа, бидејќи недостигот на чипови продолжува да ја ограничува понудата, објави Нота.

Но, компанијата е уверена дека ќе успее да постигне раст на приходите во однос на минатата година.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

watch animes My Hero Academia Season 5 (Dub)

anime website AnimeDao That Time I Got Reincarnated as a Slime

AnimeDao How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom Episode 12

AnimeDao DARLING in the FRANXX (Dub)