February 3, 2023 15:24
Македонија

Блокадите на приватните превозници го намалија обемот на продажба и на дистрибуција на производи

Преземено од Локално.мк

Четврти ден од протестите на скопските приватни автобуси. Толку трае и нервозата кај граѓаните поради блокадите на улиците. Се понезадоволни се и луѓе од бизнисот поради штетити во нивната работа.

Наспроти тоа автобуските приватни превозници и денеска кажуваат дека нема да се повлечат од своето сценарио се додека Градот и ЈСП не најдат решение за нивниот проблем – исплатата на заостанат долг кој изнесува над 90 милиони денари.

Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи за „Локално“ реагира дека се уште е тешко да се одредат вистинските димензии на финансиската штета која на бизнисите им ја нанесуваат сообраќајните блокадии, но оти имаат податоци за намален обем и на продажба и на испорака на производи.

„Се вози подолго, се троши гориво, се губат работни часови, бизнисите трпат“, вели Бошков.

„Нездоволството е токлку големо што е немерливо за фирмите. Станува збор за ограничена мобилност, во секој поглед и тоа е проблем, па повеќе услугите и дистрибуцијата и превозот се соочуваат со проблеми. Не знам дали може да се измери штетата што ја трпи стопанството и со какви варијабили да се изработи анализа за да знаеме во текот на денот колку губи бизнисот, особено компаниите кои гравитираат во Скопје. Но, знаеме дека има штети во електронската трговија, во делот на логистиката“, посочува Бошков и додава:

„Драстично им е намален прометот на оние што испорачуваат храна на одредени локации, тоа се случува и со испораката на одредени други материјали и производи. Понатаму, такси превозниците веќе речиси и не возат низ градот. Еве, ние за просторијата на конфедерацијата купивме климатизер, па три дена по ред чекаме да ни го монтираат, а не може да ни го испорачаат, во ценатарот на градот се наоѓаме, нема начин како да пристапат до нас. Тоа е типичен пример од дистрибуција на производ од бела техникика”,вели Бошков.

Деновиве и мнистерот за локална самоуправа Ристо Пенов кажа дека граѓаните плаќаат огромна штета поради самоволието на улиците во Скопје, и посочи дека зад сето ова се крие и политчка позадина

Низ градот по улиците има големи гужви, а градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и партиите од власта и од опозицијата меѓусебно се обвинуваат за тоа кој е виновен, но засега не се презема ништо да се реши проблемот.

За СДСМ блокадите на Скопје и хаосот со јавниот превоз се политичка режија на лидерот на опозициската партија Мицкоски, додека од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека премиерот Ковачевски и градоначалничката Арсовска се виновни за блокадата на превозниците, и прашуваат дали тие „спремаат пат за бугарска фирма да го земе превозот“.

Се повеќе како решение се споменува Бас рапид транзит (БРТ) што го финансира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а го иницираше како проект екс градоначалникот Шилегов.

Но и рапид транспортот може да биде нефункционален, вели Бошков од Конфедерацијата на работодавачи, кој оценува дека проблемот со превозот може да се реши само со добро менаџирање и со тргање на политиката настрана од јавните услуги.

Според неговите зборови моделот за јавниот превоз треба да биде изграден врз пазарна основа, а не со популизам и објаснува дека тоа подразбира план за економска оправданост, пари за нови инвестиции и плати за вработените.

„Ние само може да препоставуваме зошто се случува ова. Но, според мене овој проблем датира уште од времето на популизмот на бесплатниот превоз во вторник и петок. Секаде во светот има категории на граѓани кои се возат со субвенции или беспалтно, ама не сите. Ова е резултат на наталожен популизам кога станува збор за јавниот превоз во Скопје. Секој ден поминувам пред гаражата на ЈСП, гледам колку расипани автобуси стојат на паркиниг и ништо не се прави да се вратат во функција. Каде јавниот сообраќаен превоз дозволува и овозоможува други приватни превозници да вршат превоз, тоа е нешто што носи приход во буџетот на градот“, коментира Бошков.

Граѓаните пак се нездоволни што не само што не се остварува бесплатниот превоз, кој што го ветуваше градоначалничката на Скопје, Арсовска, туку што состојбите во Скопје се уште полоши.

Наместо прес-конференции и меѓусебни препукувања на релација градоначалник, превозници и политички партии, Пеце Милевски од здруженијата на комунални претпријатија АДКОМ за „Локално“ вели дека решение за проблемот е во тоа да се разговара и да се седне на маса.

Потсетува дека и комуналните претпријатија од здружението АДКОМ до неодамна се соочуваа со проблеми во делот на цената елктрична енергија и оттука смета дека на сличен начин треба да се најде решение и за проблемот со блокираниот превоз.

„Ние со цената на струјата имавме пробмеми. Како АДКОМ, здружение на јавни комунални претпријатија, една година се обидувавме да најдеме заеднички јазик и да разговараме со владата и со регулторната комисија итн и еве сега во овој момемнт на енергетска и економска криза имаме некоја поволност зашто се најде слух да се излезе во пресрет. Ни обезбеди владата да плаќаме 95 евра од мегавата час што е некоја заштитна тарифа, и до април ќе плаќаме електрична енергија по таа цена. Тоа е мерка за претпријатија кои користат пумпни агрегати, пумпни станици итн. Исто сега градоначалничката Арсовска треба да седне на дијалог заедно со приватните превозници и со ЈСП за да се најде решние“, порачува Милевски.

Граѓани од внатрешноста кои имаат обврски во Скопје за „Локално“ велат дека се соочуваат со големи проблеми низ скопските улици.

„Страшно е во Скопје, се е закочено, искрено незнам како ова ќе го решите. Малтретирање е да се заврши работа за која некој е дојден. Не можев да се снајдам низ гужвите, вртам низ градот, заобиколувам… Незнам што се случува освен дека се работи за неисплатен долг, ама не е добро…”ни кажа жител на Битола која беше дојден по работа во Скопје.

Од приватниот автобуски превозник, „Макекспрес“, кој до неодамна беше дел од јавниот превоз во Скопје вчера соопштија дека тие не се организатори на протестите и не знаат до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираат политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени.

Претходно директорот на приватниот превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, најави дека се повлекува од протестот на приватните автобуси, со цел протестот да не зазема политичка позадина. Тој посочи дека блокадите на Скопје продолжуваат и покрај неговото повлекување.

Град Скопје, пак, под чија капа е јавниот превоз во градот, бара Министерството за внатрешни работи да ги расчисти блокадите.