Свет

Блинкен: Санкциите се соодветен одговор на руските злонамерни активности

САД испратија јасна порака до руските власти во врска со нашата загриженост од нивните активности и чекорите што ги преземаме во одговор на тоа, се вели во денешното соопштение на државниот секретар Ентон Блинкен. Новиот сет санкции што САД ги објавија денеска се многу пожесток одговор од сите досегашни ограничувачки мерки, а како реакција на низата активноси од страна на Русија како кибер нападите преку „СоларВиндс”, извештаите за исплата на награди за главите на американски војници во Авганистан, и обидите за мешање во изборите на САД во 2020 година. 

Покрај тоа што се објавени санкции против 30 руски компании и органзиации, и се протерани десет руски дипломати од мисијата во Вашингтон, претседателот Џо Бајден денеска потпишува и извршен указ според кој Министерството за финансии на САД објавува директива за забрана за американските финансиски институции да тргуваат со руски облигации издадени после 14 јуни 2021 година. Со овој чекор се поткопува и онака влошената економска ситуација во Русија, предизвикано од пандемијата и намалената цена на нафтата во изминатите години. Нејголем дел од рускиот федерален буџет се формира зависно од цената на нафтата и извозот на оваа суровина.  

Соопштенито за нови санкции доаѓа и по бројното зголемување на распоредена руска војска на границата со Украина. 

 -Ова е соодветен одговор, истакна Блинкен. 

Додаде дека Стејт департменот протерува десет службеници од руската мисија во Вашингтон кои биле вклучени во кампањата за мешање во изборите и во злонамерните активности на руските разузнавачки служби, одговорни за кибернападите преку „СоларВиндс” и други скорешни злонамерни активности. 

Блинкен во соопштенито се осврнува и на обидот на руската власт да го убие опозиционерот Алексеј Навални. 

 -Заедно со нашите партнери и сојузници, САД на 2 март одговорија на обидот за труење со хемиско оружје на Алексеј Навални, и неговото подоцнежно апсење и затворање. Остануваме загрижени за здравјето и лечењето на Навални во затворот и повикуваме на негово безусловно ослободување, се вели во соопштенито. 

Блинкен наведува дека овие чекори на Вашингтон „се со намена Русија да биде повикана на одговорност за своето непромислено однесување”. 

 -Ќе дејствуваме цврсто во одговор на руските акции кои ни предизвикуваат штета нам и на нашите сојузници и партнери. Таму каде што може, САД ќе бараат авении за соработка со Русија, со цел да се изградат постабилни и по предвидливи односи, согласно со интересите на САД, се вели во сопштенито на од американскиот Стејт департмент. 

AnimeTV anime tv freak: Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. (https://animetv.cc/m/ZpeJ) Episode 2

ANIMEFLIX dragon ball animeflix: Watch Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 3 (https://animeflix.nl/m/m5VP/ep-3)