February 3, 2023 21:30
Свет

Блинкен: Заштитата на верските слободи низ светот е и заштита на националната безбедност на САД

САД годинава назначија повеќе земји нарушители на верските слободи. Списокот е сличан како и лани и во него спаѓаат Бурма, Кина, Куба, Еритреја, Иран, Никарагва, Северна Кореја, Пакистан, Русија , Саудиска Арабија, Таџикистан и Туркменистан.

Во овие земји „се напаѓаат, им се закануваат, ги затвораат и дури и убиваат лицата врз основа на нивната вера, а има примери кога индивидуалните слободи за религиско изјаснување се погазуваат во политички цели, изјавија денеска од американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

На списокот за набљудување каде се можни акции и толерирање на нарушување на верските слобди се Алжир, ЦАР, Коморите и Виетнам.

Меѓу групите кои поесбно загрижуваат се и Ал- Шабаб, Боко Харем, Хутите, Исламската држава од голема Сахара и Западна Африка, какои и воената група Вагнер, а засновано на нивните акции во ЦАР.

-Најавата за ова назначување е да се заштитат нашите вредности, интереси и националната безбедност, но и да се унапредат човековите права низ целиот свет. Замјите кои ефективно ги заштитуваат овие и останатите човекови права се помирољуови, стабилни, просперитетни и посигурни партнери на САД, отколку оние кои не се, изјави Блинкен.