October 13, 2019 03:40
Спорт

Блесок на Елмас, Македонија ја прегази Словенија!

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжи со добрите резултати во циклусот за Европското првенство (ЕП) во 2020 година. На домашен терен ја фрли на колена Словенија (2-1) и освои значајни три бода со кои остана во игра за пласман на континенталниот собир.

Вообразените Словенци во Скопје приситнаа со високи амбиции, ја потценија нашата репрезентација, а избраниците на Ангеловски возвратија со стил. Противникот на терен беше тотално надигран, оставен само на една сериозна шанса, а за Љубљана си заминува со два гола во мрежата. Блесок имаше младиот фудбалер Елиф Елмас, кој одигра нов меч од соништата за Македонија и со два гола ги водеше „црвено-жолтите“ до победа.


ФОТО: gol.mk

Нови вести

Рамос го помина Касиљас и стана рекордер по бројот на настапи за Шпанија

Igor

Италија за прв пат по 65 години игра во зелени дресови

Igor

Пелистер немоќен и во реваншот со Винтертур

Igor