November 25, 2020 02:20
Магазин

„Блекпинк“ за документарецот: Ја покажавме нашата поискрена страна

„Ох боже, ќе заплачам“, вели Роуз Парк од „Блекпинк“ во инсерт од новиот документарен филм, храбро обидувајќи се да се насмее низ солзите.

Нејзиниот глас затреперува додека се сеќава како во 2012 година го напуштила семејството во Австралија за да го оствари својот К-поп сон. Во тоа време имала само 15 години. Пред тоа, најдолго време што некогаш го поминала надвор од дома било две недели.

Овој емотивен момент, редок за 23-годишната девојка, е вклучен во докуентарниот филм за мегапопуларниот јужнокорејски бенд.

Нивниот рекорден деби-албум неодамна ја зацврсти нивната круна како женски бенд со највисок рејтинг на американската листа на албуми Билборд.

Документарниот филм „Блекпинк: Осветли го небото“ ќе се емитува на стриминг-платформата „Нетфликс“, а премиерата е денес,14 октомври.

119-минутниот филм Blackpink: Light up the Sky е преполн со никогаш невидени снимки од квартетот.