August 15, 2022 21:46
Свет

„Би-Би-Си”: Велика Британија му испраќа сигнали на Кремљ да не очекува постигнување придобивки преку насилни средства

Властите во Лондон се обидуваат како неуспех да ја прикажат руската воена агресија врз Украина, но ретко успеваат да појаснат што тоа практично значи, пишува „Би-Би-Си”.

Според Британскиот јавен сервис, исклучок е шефицата на британската дипломатија Лиз Трас, која во своите изјави е концизна посочувајќи дека Русија треба „во целост” да биде истисната од Украина.

Трас синоќа дури отиде чекор подалеку, нагласувајќи пред лидерите на групата Г7 дека санкциите против Москва не смеат да бидат укинати се до целосното повлекување на руските сили од Украина и постигнувањето мировен договор.

Таа рече дека рускиот претседател Владимир Путин мора да се соочи со таков пораз, што ќе му „ускрати каква било корист и на крајот на краиштата ќе го одврати од агресивни активности во иднина”.

Се проценува дека таквите експлицитни и максималистички изјави се сигнал упатен до Кремљ да не очекува остварување какви било придобивки преку насилни и агресивни активности. Но од друга страна, одредени аналитичари предупредуваат дека таквите специфични ставови би можеле еден ден да дојдат во колизија со интересите на Украина и на тој начин да го отежнат постигнувањето мировен договор и политичко разрешување на кризата.

game sunwin sunwin club sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin game bài sunwin

game sunwin sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu

sun win

sunwin club sunwin club sunwin.apk mới nhất