February 18, 2020 16:45
Спорт

Битолчани му подготвуваат на Нексе пеколна атмосфера

Македонскиот дебитант во годинашното регионално ракометно натпреварување битолски Еурофарм Пелистер утревечер (20.15 ч.) пред своите навивачи во салата „Боро Чурлевски“ го игра реванш натпреварот од осминафиналето во СЕХА-лигата со хрватскиот Нексе од Нашице. Битолскиот тим на првиот меч пропушти шанса да си обезбеди поволен резултат пред реваншот. Загуби со три гола разлика (23:20) кои верува дека сепак се достижни за да се изборат за пресметка во четвртфиналето со актуелниот првак во регионалното натпреварување Вардар, кој во оваа рунда е слободен.

– Подготвени сме за реваншот со Нексе. Што се однесува до првиот дуел, имавме лош напад, како и технички многу грешки кои мора да се сведат на минимум. Одбраната беше добра во Нашице.  Берувам дека во двомечот ќе бидеме поуспешни. Утревечер ќе бидеме комплетни затоа што се враќаат Јотиќ и Маџовски. И Нексе доаѓа посилен за Јагањац. Можам да кажам дека ќе играме агресивна одбрана и ќе трчаме максимално во сите 60 минути, вели тренерот на битолчани Жељко Бабиќ.

И повратникот во тимот на битолчани Ловро Јотиќ нагласува дека ги очекува тежок меч, а поразот од три гола разлика во првиот меч им создава дополнителен притисок..

-Ќе имаме тежок меч и мал притисок поради поразот во првиот дуел од три разлика. Мора да играме подобра одбрана, а исто така треба да реагираме и во нападот и да го заборавиме лошиот прв меч, а може да напредуваме и во делот на транзицијата. Нексе во Битола гго очекува пеколна  атмосфера, а со малку среќа и поддршката од нашите навивачи мислам дека можеме да ги елимнираме, вели Јотиќ.