October 19, 2021 04:08
Хроника

Битолското обвинителство побара притвор заради разбојничка кражба​

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка со донесување на Наредба за спроведување истражна постапка против 22 – годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 20 јули 2021 година, околу 13.30 часот во Битола, на улица пресретнал жена со тешка здравствена состојба, па ја отпратил до нејзиниот дом. Откако нејзиниот сопруг го поканил осомничениот да влезе во домот и да го почести кафе за услугата, осомничениот забележал паричник под перницата на креветот и го одзел. Домаќинот го забележал осомничениот во кражбата и побарал да му го врати паричникот во кој имало 12 000 денари и лични документи. Во тој момент, осомничениот со употреба на сила, со рака  го удрил оштетениот во пределот на главата, го соборил на подот и продолжил да го удира уште неколкупати, со што му нанел телесни повреди.

Во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Битола достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Watch Jewelpet Movie: Sweets Dance Princess Episode Full

AnimeFreak: Teekyu 4 anime episode 12 online free at https://animefreak.ws anime freak new site

Watch anime online for free at AnimeFLV anime

WCOStream: Tengen Toppa Gurren Lagann: Mitee Mono wa Miteen da!! anime episode Full online free at https://wcostream.cc watch anime

Spreaker: https://www.spreaker.com/user/15045076

Pastebin: https://pastebin.com/u/animeflixnl