November 30, 2020 18:37
Економија Македонија

Битиќи: Советниците и нивните плати се нужен трошок за функционирање на канцеларијата на премиерот и канцелариите на министрите

Имаме веројатно разединување во ставовите што е високо, а што е ниско. Пазарот го одредува тоа и тоа е одлука лично на премиерот, а мое коментирање во таа насока не е соодветно. Вака одговори вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска на прашањето за високите плати на советниците кои ги има премиерот, а чии плати беа објавени јавно викендов. Битиќи вели дека во моментов ангажманот на советниците е нужен и дека тоа трошење пари е соодветно односно не е непродуктивно. Беше објавено дека највисокиот приход за советувањето на премиерот во моментов го има Зоран Верушевски кој за својот ангажаман месечно зема 74.618 денари.

„Советниците и нивните плати се нужен трошок за функционирање на канцеларијата на премиерот и канцелариите на министрите па еве и на мојот кабинет. Трошењата треба да се гледаат од аспект дали се рационални или нерационални трошоци. Во овој случај станува збор за рационални трошоци. Сите до еден кои извршуваат фунцкиии покажавме дека грижата за граѓаните ни е на прво место. Ние веќе рационализираме на други места каде утврдивме декаима непродуктивни трошоци, но ова се секојдневни обврски, рече Битиќи. На забелешката дека со овие пари можеби ќе можеа да се купат компјутери за учениците кои немаат за да следат онлајн настава Битиќи рече дека Владата не добила такво барање, затоа и не расправала и не одговорила на тоа.