June 13, 2021 19:34
Македонија

Битиќи: Скопје со години беше поделено „од оваа и онаа страна на Вардар“, сега се инвестира во секоја општина и секоја населба

„Скопје со години живееше со стигмата ‘од оваа и онаа страна Вардар’, не се развиваше рамномерни како што доликува на главен град и метропола. Во овие четири години тоа е драстично променето, во Скопје се инвестира во секоја општина, во секоја населба што е важно за идниот развој на градот “ истакна вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Скопје.

„ СДСМ е носител и промотор на концептот Едно општество за сите. Тој концепт не значи само еднакви права и обврски за сите граѓани, значи и еднакво вложување во секоја општина, секое населено место “ кажа Битиќи.

Тој додаде дека младите сега добиваат нова можност и нова перспектива за животот бидејќи сите проекти и целата работа е за нив.

„И на овие избори ќе ја имаме најдобрата понуда за секој град, за секоја општина, за секој еден граѓанин. Понуда на квалитетни личности и на реални остварливи програми“ кажа Битиќи. Тој додаде дека на трибини и средби со граѓаните ќе се бараат решенијата за нивните потреби и проблеми.

AniWatch Watch anime online, English anime online HD. Watch Yona Yona Penguin (Dub) Episode Full

Watch anime online for free at AnimeBee dubbed anime. Watch Battle Skipper (Dub) Episode 3

Watch anime online for free at 4Anime bleach 4anime. Yume Tsukai (https://4anime.biz/m/2nNz) Episode 12

KissAnime About: https://about.me/kissanimemx