October 18, 2021 06:31
Економија

Битиќи-Савада: Билатералните односи со Јапонија на задоволително ниво, голем потенцијал за унапредување на економската соработка

Билатералните односи помеѓу двете земји се на задоволително ниво и постои голем потенцијал за унапредување на економската соработка, оценија вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и јапонскиот амбасадор, Хиронари Савада, на денешната средба во Скопје.

За време на состанокот вицепремиерот посочи дека во процес е создавање на Национална развојна стратегија до 2041 година, која треба да отслика меѓугенерациски, родов, меѓуетнички, меѓупартиски и долгорочен консензус за приоритетите на државата, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за сите, а особено за ранливите категории луѓе, информира Кабинетот на вицепремиерот Битиќи.

Истакна дека економските политики на Владата се насочени кон привлекување нови инвестиции на високо технолошко развиени компании, како што несомнено има и во Јапонија и оти целта на Владата е да се подигне конкурентноста на земјата и регионот на Западен Балкан, преку вклучување на компаниите во глобалните синџири на производствените компании. На состанокот е разговарано за унапредување на економската соработка, соработката во инфраструктурата, енергетиката, транспортот, дигиталниот сектор и соработка помеѓу малите и средни компании од двете земји.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Савада, се согласија дека во периодот кој следи ќе се посветат на реализација на заеднички економски проекти, со цел продлабочување на економската соработка помеѓу двете пријателски земји. Битиќи упати благодарност до јапонскиот амбасадор за поддршката која оваа земја ја дава за развојот на Република Северна Македонија и е еден од најголемите билатерални донатори за реализација на конкретни програми и проекти, со средства од јапонскиот народ, кои се спроведуваат преку Јапонската агенција за меѓународна соработка ( JIKA ).

4Anime: Made in Abyss Movie 3: Dawn of the Deep Soul (Dub) anime episode Full online free at https://4anime.biz anime sites

Website https://animekisa.in: Watch Farewell to Space Battleship Yamato: In the Name of Love animekisa Episode Full animekisatv

Aria The Origination Picture Drama (Dub) Episode 7

Website https://gogoanime.be: Watch Suddenly Princess gogoanime Episode 3 gogoanime25

Cycling74: https://cycling74.com/author/61186f097175a8725bd1754d

Pastebin: https://pastebin.com/u/gogoanimelol