November 30, 2020 14:53
Македонија

Битиќи прослави роденден и годишнина од брак

Фатмир Битиќи на Фејсбук објави дека денеска прославил роденден и годишнина од брак со своето семејство и воедно повика да се почитуваат мерките против коронавирусот.

„Овој ден низ години за моето семејство е со повод за славење со големо друштво пријатели и роднини. Роденден и годишнина од брак во еден ден. Оваа година е различна, сега е време да сме одговорни, за себе и оние околу нас. Маска, дистанца, без групирање, редовно миење на раце и дезинфекција, за уште долго да сме сите на куп.

Сега е време кога СИТЕ мораме да бидеме максимално одговорни, ЗАЕДНИЧКИ да се избориме со коронавирусот. Време за прослави ќе има и секако дека ќе надокнадиме тоа што годинава сме го пропуштиле!“, напиша Битиќи на Фејсбук.