October 22, 2021 10:56
Економија Македонија

Битиќи: Во услови на пандемија, региравме брзо и донесовме соодветни одлуки и мерки за да ги зачуваме работните места и ликвидноста на компаниите и граѓаните

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на покана од Економскиот факултет на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј”, денес, преку видео порака, се обрати на свеченото отворање на „Меѓународната економска летна школа” – „Направи разлика: Научете како да го процените економското влијание на пандемијата од Ковид-19 “. Настанот, покрај вицепремиерот Битиќи го отворија и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Предраг Трпески и претседателот на организациониот одбор на 11-та летна економска школа, проф д-р Игор Ивановски.

Вицепремиерот, во своето обраќање, посочи дека ситуацијата со Ковид 19, бараше брзо прилагодување и носење на одлуки кои ќе одговорат на предизвиците од пандемијата, која го погоди целиот свет.„Владата на Република Северна Македонија имаше навремена реакција за да ефикасно одговори на ситуацијата. Успеваме во нашите намери, успеавме ДА направиме разлика. Целата ситуација беше нова за сите бас, бараше да размислуваме за нови начини, нови политики, да правиме дополнителни напори и да дефинираме нови приоритети за да го пронајдеме вистинскиот начин на кој ќе се справувавме со сите прашања, помеѓу кои беа и прашањата поврзани со економскиот живот. Секако дека првиот приоритет беа здравствените мерки. Успеавме да обезбедиме нашиот здравствен систем да ги добие потребните средства за справување со оваа криза. Ги алоциравме средствата од буџетот на таа цел и ги обезбедивме потребните средства, за да приоритетно го заштитиме здравјето на граѓаните”, посочи вицепремиерот во почетниот дел од своето обраќање. Битиќи укажа дека со дефинирањето на приоритетните мерки кои се насочени кон здравствената заштита на граѓаните, Владата паралелно работеше и на креирање на економски мерки, со оглед на тоа дека беше сосема јасно дека економијата ќе биде погодена со воведување на ограничувачките мерки во нашата, но и сите други земји во светот.

„Знам дека ќе имате многу прашања и многу идеи како да ги направите работите подобро. И со нетрпение очекувам да видам како академијата ги анализира мерките и да предложи како можевме подобро. Во моментот кога требаше да се донесат овие одлуки, имавме едно ограничено искуство од финансиската криза пред 10 години што ни остана во главите: со тоа што ќе ги задржиме луѓето вработени во нивните компании, кризата може да се заврши побрзо, бидејќи кога ќе пристигнат нови нарачки , компаниите не мораа да вработуваат нови луѓе и да ги обучуваат. Ова искуство, ефикасноста на шемите за одмор, веднаш се примени низ цела Европа. Но, покрај тоа, со генерации немаше искуство со економските влијанија на ограничувачки мерки, кои се воведуваат за време на големите здравствени кризи, а особено не во денешните индустриски услови и во економска ситуација која беше доста добра и стабилна во периодот пред да се појави вирусот”, продолжи Битиќи.

Економските мерки беа воведени да направат разлика,  еден од главните економските приоритети за сите граѓани и бизниси и на почетокот на кризата и во целото времетрење е да се одржи ликвидноста на компаниите и на граѓаните.

„Заедно со Народната банка на Република Северна Македонија донесовме мерка, со која дозволивме одложување на ратите на кредитите, како и одложено плаќање на даноците. Во бројки – беа одложени вкупен износ од 2,4 милијарди евра од банкарски заеми на граѓаните и компаниите, околу 4,5 милиони евра за данокот на добивка и 160.000 евра за плаќање кирија за социјални станови. Интеревениравме брзо и спречивме отпуштања на граѓаните со мерки во вредност од 140 милиони евра, а за оние кои, за жал ги изгубија своите работни места, наменивме дополнителни 1 милион евра преку системот за социјална заштита. Пандемијата влијаеше посилно на одредени гранки и поради самата нејзина природа одредени дејности навистина останаа без работа: музичарите, туристички водичи, компаниите од угостителската дејност, градинките, фитнес центрите, туристичките агенции, хотелите, организаторите на настани, фото студијата и некои други дејности, за кои наменивме најсилна поддршка со економските мерки”, потенцираше Битиќи и додаде дека мерките направија позитивна разлика да се задржат работните места, да се одржи ликвидноста на компаниите и да се одржат во функција оние компании кои поради природата на пандемијата беа спречени да ги остваруваат функциите за кои се основани.

Резултатот од спроведените 6 пакета мерки е очигледен и тоа може да се забележи преку анализата на основните макроекономски индикатори, рече вицепермиерот.

„Бројките за активности на пазарот на трудот се прилочно стабилни, процентот на невработеност е стабилен. Имавме уште една историски ниска стапка на крајот на вториот квартал со 15,9% невработеност, проследено со постојан раст на стапката на вработеност, која изнесува 47,3% на крајот на вториот квартал од 2021 година. Нашите компании добро се опоравуваат, па дури и покажуваат тенденција на раст, пришто извоз од Република Северна Македонија е дури и поголем во досегашниот дел од 2021 година споредено со истиот период во 2019 година. Во вториот квартал од 2021 година бележиме голем раст на бруто домашниот производ од 13,1%. Сето ова е позитивно, но ние сакавме да гледаме и подалеку, да направиме разлика и во пост-кризниот период и паралелно со мерките за намалување на ефектите од кризата, креиравме и мерки кои ќе направат поголем раст и побрз развој на домашната економија на среден рок”, нагласи Битиќи и додаде дека за тоа е креиран Интервентниот план за инвестиции.

„Со Интервентниот план за инвестиции, кој е среднорочен инвестициски план за следните 7 години, со вкупен планиран износ од 8,2 милијарди евра, инвестициите во Северна Македонија ќе бидат повеќе од 3,14 милијарди евра во обновлива зелена енергија, 2,74 милијарди ЕУР во инфраструктура, 800 милиони евра во производство итн. Во исто време, гледаме дека се случуваат големи промени во глобалниот синџир на вредности. Имаме примери дека се јавуваат проблеми со снабдување со стандардните производи, за кои никогаш, пред оваа криза не би ни помислиле дека би можеле да бидат проблем, како на пример снабдувањето со полупроводниците. Малите земји, како  нашата и воопшто производствените индустрии се повеќе загрижени, замислете една голема фабрика во Северна Македонија дека треба да го намали производството затоа што едно парче чип е заглавено во некое од кинеските пристаништа. Со доближување на производствените капацитети за полупроизводите, до крајните компании кои го испорачуваат готовиот роизвод, би можеле да направиме разлика. Тоа е сериозна шанса за земјите од Западен Балкан и поширокиот регион. Затоа, нашата иднина е во стабилен и конкурентен регион. Регион кој ќе работи кон креирање на заеднички, регионален раст наместо создавање меѓусебна конкуренција”, заврши во своето видео обраќање пред учесниците на „Меѓународната економска летна школа”, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Со почит,

ANIMEFLIX: Akuma no Riddle: Shousha wa Dare? Nukiuchi Test (Dub) anime episode Full online free at https://animeflix.nl animeflix haikyuu to the top

Website https://animekisa.in: Watch Maku animekisa Episode Full anime websites

WCOStream Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://4anime.biz: Watch Mix (Dub) 4anime Episode 24 free anime

Yoomark: https://yoomark.com/users/animefreakws

Gogoanimebe contently: https://gogoanimebe.contently.com/