October 16, 2021 20:28
Економија Македонија

 Битиќи на Самитот за Западен Балкан: Создаваме поволна и предвидлива бизнис клима, Северна Македонија и регионот се одлична дестинација за инвестирање

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес учествуваше на панелот „Трасирање на патот за раст и развој во пост-ковид периодот”, кој се одржа во рамките на Самитот за Западен Балкан, во организација на светски реномираниот магазин „Економист”, кој денес се одржува во Скопје. Вицепремиерот Битиќи дискутираше за тековните предизвици од ковид кризата, како и за реформите кои се потребни да се спроведат во овој период, за поголема конкурентност на економијата и социјалната кохезија, заедно со Јерон Дајсеблум, член на Холандскиот сигурносен борд и поранешен претседател на Еурогруп, Матео Ривелини, ракводителот на јадранската дивизија во Европската инвестициска банка и Анди Аранитаси, раководител на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Северна Македонија. Вицепремиерот посочи дека изминатите две години донесоа многу предизвици, дотогаш непознати, за сите земји во светот и дека сите тие предизвици и активностите преземни за да се надминат, треба да се гледаат и низ позитивна призма, затоа што општеството мораше брзо да се прилагодува, да се создаде социјална кохезија помеѓу сите засегнати страни и да се носат брзи и правилни одлуки со кои ќе се намалат негативните ефекти од кризата и ќе се овозможат услови за брзо опоравување и економски раст во пост-ковид периодот.

„Дигитализацијата, израз којшто го користевме толку многу и многу често на неопиплив начин, стана јасно дека е особено потребен процес, за да се оди напред. Владата на Република Северна Македонија ги поттикна процесите на дигитализација и ние ќе продолжиме да одиме по тој пат, за дигитализација на процесите во насока на поедноставување на процедурите, подигнување на ефикасноста, ефективноста, продуктивноста и конкурентноста на домашната економија. Исто така, оваа криза, кристално јасно ни даде до знаење дека е потребен процесот на „near shoring“. Земјите во Југоисточна Европа, особено нашите земји од Западен Балкан,  треба да работиме на тоа да се повеќе нашите компании се вклучуваат во глобалните синџири на набавки и на тој начин да се доближуваме до земјите на Европската унија. Сооваа криза се докажа дека синџирите на снабдување, со набавки од далечни земји не се одржливи, и токму тука ја гледаме нашата заедничка шанса. Потребно е, ние земјите од Западен Балкан, да се фокусираме кон подигнување на регионалната конкурентност, наместо да ја заоструваме меѓусебната конкуренција и на тој начин да создадеме еден заеднички пазар, што ќе ја компензира и зајакне додадената вредност во близина на синџирите на снабдување”, посочи вицепремиерот.

Битиќи се осврна и на можностите за инвестирање во Република Северна Македонија и нагласи дека нашата земја овозможува навистина добри услови за реализација на инвестиции на сите компании. Тој додаде дека пред 4 години, донесена е вистинска одлука на Владата, со која веќе нема разлики помеѓу домашни и странски инвеститори, односно овозможени се исти и транспарентни услови за добивање на државна поддршка за сите компании кои ги исполнуваат критериумите.„Географската локација е близу до клучните пазари. Скопје е 240 километри од пристаништето во Солун и се наоѓа на главниот транспортен коридор до срцето на Европа. Производите може да се транспортираат за кусо време до европските пазари и тоа заштедува време, се намалува емисијата на штетни гасови и се овозможува навистина брза реакција за потребите на пазарите во земјите од Европска Унија. Нашата земјата се подготвува за влез во ЕУ, но не само поради тоа што тежнеем да станеме членки на Унијата, повеќе заради нас самите, ние да ги достигнеме стандардите на европските земји и во таа насока голем дел од легислативата и стандардите се веќе усогласени со европските  директиви и регулативи. Кога зборуваме за поддршката кон компаниите, се разбира, нашата поддршка инвестиции е конкурентна и усогласена со правилата на ЕУ. Во изминатата година воспоставивме едношалтерски систем за сите инвеститори, а тоа е мојот кабинет. Го скративме донесувањето одлуки за добивање на државна поддршка за компаниите, го олснивме процесот на аплицирање и ако претходно за да се добие одлука за добивање на државна поддршка беше потребна една година, сега тоа е намалено на само два месеци. Го редефинираме Царинскиот законик и вршиме негово усогласување со ЕУ, што ќе резултира со уште поконкурентна ситуација за преработувачката индустрија во брза иднина”, додаде Битиќи. Вицепремиерот ги покани и поттикна компаниите од ЕУ, кои во изминатиот период имаа проблеми со синџирите за снабдување, да размислат за инвестиции во нашата земја или во некоја од другите земји од Западен Балкан и да ги искористат придобивките од близината на нашиот регион до ЕУ, како и другите придобивки за реализација на нови инвестиции кои насат додадена вредност.

„Секоја компанија што се соочува со проблеми во синџирот на снабдување во моментов и размислува за „near shoring“, треба да размисли за инвестирањето во Северна Македонија. И не само во нашата земја, да се размисли за инвестирање и во други земји од регионот, затоа што можеби сме мали одделно, ама како регион, во целина, заедно создаваме пазар кој е силен и конкурентен. Нашата крајна цел е да создадеме безбедна и предвидлива бизнис околина за инвеститорите, како за домашните компании, така и за странските инвеститори и да ја подигнеме конкурентноста, да бидеме подготвени за влезот во ЕУ”, потенцираше Битиќи.

Вицепремиерот во своето обраќање нагласи дека во моментов се спроведува  најважниот стратешки процес, а тоа е креирање на долгорочната Национална стратегија за развој 2021 – 2041 година.

„Работиме на овој стратешки документ за долгорочно планирање, во изминатите 9 месеци и има уште работа. Но, по 30 години, ова е многу потребна визија за тоа каде и како ние како земја треба да одиме напред во иднина. Развојот на Националната стратегија е отворен и инклузивен процес, дава перспектива од поширокиот контекст на нашата земја и ќе ни даде сосема јасна слика за тоа каде сме сега, каде треба да одиме и кој е најдобриот начин да стигнеме таму”, подвлече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, за време на панел дискусијата во рамките на Самитот за Западен Балкан, кој се организира од „Економист”

Watch Mobile Suit Gundam Narrative (Dub) Episode Full

AnimeKisa: TAMA of the 3rd District -Have You Seen My TAMA? anime episode 10 online free at https://animekisa.in animekisatv

TwistMoe: Hyperdimension Neptunia: The Eternity (True Ending) Promised anime episode Full online free at https://twistmoe.net anime twist

Animepahe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD