November 29, 2022 05:27
Македонија

Битиќи на работна средба со амбасадорот на Арапската Република Египет, Калид Емара

Заменик  претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на Фејсбук објави дека имал работна средба со амбасадорот на Арапската Република Египет, Калид Емара.

На средбата, како што напиша Битиќи, говореле за можностите за унапредување на соработката и создадавање услови кои за бизнисите на двете држави ќе значи развој.