Економија Македонија

Битиќи и Забрчанец на средба со Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП – Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат настани

Заменикот на претседателот на Владата  задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,  Фатмир Битиќи  и националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, денес имаа средба со претставници на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП), која здружува дел од операторите кои организираат настани, при што разговараа за досегашните мерки за поддршка на компаниите од оваа дејност, како и за идните планирани мерки за поддршка во услови на кризата предизвикана од коронавирусот.

 Битиќи и Забрчанец на оваа средба ги презентираа содржината и условите од јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани, преку кој ќе бидат ангажирани исклучиво домашни организатори, изведувачи и подизведувачи за реализација на настани осмислени од апликантите, на теми избрани од компаниите, а со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, во периодот јуни – септември 2021. Владините претставници информираа дека повикот за финансиска поддршка ќе биде објавен во најбрз можен рок, во текот на наредната недела, за вкупен износ од 61 милион и 500 илјади денари, а на него ќе може да аплицираат и да бидат поддржани сите компании кои организираат настани и кои ќе исполнат јасни и прецизни критериуми.

 Битиќи и Забрчанец уште еднаш потенцираа дека повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за заживување на економските активности на оваа гранка, а настаните кои ќе бидат поддржани не се дел од официјалните државни настани кои Владата преку засебна програма ќе ги организира за официјално одбележување на 8 септември, Денот на независноста.

 На состанокот вицепремиерот Битиќи и владиниот тим ги слушнаа предлозите на Асоцијацијата ИВАП и прифатија најголем дел од нив, на следниов начин:

– компаниите со поголема загуба ќе добијат повеќе бодови при оценувањето, а ќе можат да аплицираат сите компании со пад на приход поголем од 30%;

– еден подизведувач нема да може да се најде на повеќе од 7 пријави за предлог-проекти, со цел да се оневозможи монополизација во делот на подизведувачите;

– спортските настани посветени на „30 години независност” ќе бидат додадени како тип на настани за кои може да се аплицира;

– ќе се обезбеди авансно плаќање од 30% + 40% пред реализација на настанот, со препорака истото сразмерно да биде распоредено и кај носителите на проектите и кај подизведувачите, за да помогне во ликвидноста на компаниите;

– една од областите кои ќе се оценуваат, а се однесува на капацитетот на апликантот за организација на настан, да биде број на вработени или број на хонорарно ангажирани лица, за зголемена конкурентност на компаниите. 

Владата ги информираше претставниците на ИВАП дека не може да го прифати предлогот кој се однесува на создавање конкурентска предност на одредени компании со одредени шифри на дејност, односно вицепремиерот и националниот координатор останаа на принципиелниот став на Владата дека целта на овој јавен повик е да даде можност за поддршка на сите компании кои организираат настани, а кои имаат загуби поради корона кризата, без да се фаворизираа било која компанија и без да се исклучува било која компанија, затоа што тоа не е праведно ниту правично.

 Дополнително, Владата информираше дека ќе ја оценува секоја апликација поединечно и ќе бодува според поставените критериуми и согласно тоа, бројот на апликанти нема да влијае врз оценките за секоја индивидуална апликација. Тоа значи дека одлуката дали еден предлог проект зависи од оценката на апликацијата за тој проект, а не од тоа колку апликации стигнале на повикот – има доволно буџет за сите кои ќе ги исполнат условите.
„Владата има обврска да обезбеди можности за сите, а не да исклучува”, заклучи Битиќи.

 Вицепремиерот исто така посочи и дека преку Развојната банка на Република Северна Македонија подготвува нова линија на бескаматни кредити, со грејс период од 12 месеци, а околу 1 милион евра се проценува дека ќе бидат наменети за одржување на ликвидноста на компаниите кои организираат настани. Дополнително Битиќи потсети дека Владата обезбеди поддршка и за плати за месеците февруари и март 2021, којашто фирмите ќе ја добијат веднаш штом се усвојат потребните измени за петтиот пакет мерки во Собранието, односно штом се надмине блокадата на опозицијата.

AniWatch dubbed anime: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 1 (https://aniwatch.pro/m/YXyn/ep-1)

WCOStream anime websites: Attack on Titan (Dub) Episode 25