January 30, 2023 02:30
Македонија

Битиќи: Ако не чекориме денеска, ќе мораме да трчаме утре!

Ако не чекориме денеска, ќе мораме да трчаме утре!

Мораме да се осигураме да го фатиме чекорот и да мислиме однапред за се што преземаме во однос на енергетска транзиција и диверзификација.

Не смееме да дозволиме транзицијата да не однесе од една зависност кон друга. Напротив, мораме да размислуваме во иднината за да не ни се случи за следните 30 години повторно да зборуваме дека енергетскиот систем во земјата ни е сведен на олд тајмери.

Токму поради тоа, на покана на британската влада овие два дена сум во Лондон на конференција посветена на хидроген – „Хидроген економија“, и технологиите кои можат да се користат за овој енергенс биде зелен енергенс на иднината.

Денеска остварив и состаноци на кои зборувавме за предизвиците и можностите кои ги нуди новата ера на транзиција кон зелена енергија со фокус на зелен хидроген и тоа како оваа технологија да ја донесеме дома.

Едниот од нив е со еден од најголемите проиведувачи на елетролизатори кои генерираат хидроген, компанијата ITM Power.
Како и со Џејн Тугуд која е назначена за прв шампион на Обединетото Кралство во индустријата на хидроген,и советник во британската влада токму за употреба на хидроген,во исто време извршува функција на извршна директорка на Johnson Matthey Catalist.

На состаноците зборувавме за можностите Северна Македонија да биде на мапата за производство на зелен хидроген и кои се подготвителните чекори кои мораме да ги направиме денес, за да го фатиме чекорот за утре изјави Битиќи.

Поврзани вести

Македонскиот пазар на труд отворен за работници од странство, се чека ратификација на договорите од „Отворен Балкан“

blink

Битиќи до Груевски: Ветер и магла

blink

Битиќи: Треба уште време за да се искоренат остатоците на режимот на Груевски

blink