September 22, 2019 10:21
Економија

Бислимоски: Постапката за давање лиценца на ГЕС според закон и правилник

БЕГ дистрибуција пред Управен суд практично ја обжали одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со која се намалува цената за парното греење што ќе го плаќаат скопјани со августовската сметка, појасни денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

– Со одлуката ја намаливме цената на топлинска енергија која ќе ја плаќаат граѓаните со августовската сметка која ќе биде со повластена стапка на ДДВ од пет проценти. На тоа се додава и намалувањето на производната цена на топлинската енергија од когенеративни постројки за 15 отсто. Просечното намалување ќе биде некаде околу шест отсто, бидејќи влијание од околу 3,2 отсто имаат и исклучените потрошувачи, како и зголемената цена на природниот гас, рече Бислимоски, во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Со намалувањето на ДДВ, прецизира, се искомпензира влијанието на исклучените потрошувачи заедно со нашиот предлог производната цена на ТЕ-ТО за топлинска енергија да биде намалена за 15 отсто.

-Една од причините за поднесената тужба од БЕГ дистрибуција е стравот дека РКЕ ќе настапува пристрасно при доделување на лиценцата за Градски енергетски системи (ГЕС). Напротив, постапката што ќе се води во РКЕ за давање лиценца за ГЕС ќе биде во согласност со Законот за енергетика и Правилникот за лиценци и со ред други закони. ГЕС досега нема доставено барање за лиценца, туку само барање за информација за добивање лиценца. РКЕ пред да издаде лиценца треба да ја одземе лиценцата на БЕГ дистрибуција. При одземањето на лиценцата за БЕГ дистрибуција ќе имаме во предвид дека постои важечки договор со ПУИГ и ред други работи, рече Бислимоски и порача граѓаните да бидат сигурни дека ќе нема никаков проблем во снабдувањето со топлинска енергија.

БЕГ дистрибуција од 1 јануари 2013 година има договор за закуп на мрежата за дистрибуција на топлинска енергија во Скопје со ПУИГ на 35 години и важечка лиценца за дистрибуција на топлинска енергија издадена од РКЕ за истиот период.

Со последната одлука на РКЕ од 1 август годинава за седум отсто се намалува цената за парно греење за најголемиот дел од потрошувачите во Скопје, за потрошувачите што се снабдуваат од ЕЛЕМ енергетика намалувањето е за 13 отсто, а за оние приклучени на топланата Скопје север за 12 отсто.

Нови вести

Винарија Камник прослави 15 години постоење

Igor

Димковски: Со конкретни мерки, промоција и поддршка на извозот го развиваме органското производство

Igor

Гравот „тетовец” го има сè помалку на нивите и се продава сè поскапо

Igor