October 27, 2020 12:00
Економија

Бислимовски: Проширување на листата на граѓани опфатени со субвенции за енергетска сиромаштија

Марко Бислимовски, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика вели дека РКЕ ќе им даде целосна поддршка на синдикатите и невладините, да се изборат за можноста субвенциите за енергетска сиромаштија да се прошират и да ги добиваат поголем број ранливи категории граѓани, односно покрај социјалните случаи, и оние кои се погодени од ковид кризата.

-Станува збор за механизам кој подразбира привремено проширување на постоечка листа за надомест за енергетска сиромаштија со лица кои се погодени директно од здравствената криза. Ние треба да им помогнеме на најранливите, а не да ги субвенционираме богатите – ова воедно е и заедничка препорака на РКЕ и Секретаријатот на Енергетската заедница. Институциите мора да разгледаат кои предлогрешенија се применливи: проширување на листата на граѓани со субвенции, намалување на ДДВ-то за потрошената електрична енергија и слично. Сега на потег е Собранието и надлежните министерства како предлагачи на измени во закон, рече Бислимоски на состанокот со синдикалните лидери што се одржа во просториите на РКЕ. Претставниците на синдикатите посочија дека ќе го разгледаат предлог-решението од РКЕ во рамки на органите и телата на синдикатите и за него ќе продолжат со разговори на следните состаноци на кои ќе бидат поканети и граѓански организац.