April 21, 2019 20:43
Спорт

Биното: Фетел останува приоритет за Ферари

Шефот на Ферари, Матија Биното верува дека Себастијан Фетел има најголеми можности да се бори за титулата оваа година. Поради оваа причина, тој е приоритет во моментов, но пилотите на „Скудерија” се слободни да се натпреваруваат едни против други.

– Ние треба да мислиме на прво место за тимот и да се обидеме да го зголемиме бројот на поени на крајот на секоја трка. Како што веќе рековме во почетокот на сезоната, ако има ситуација 50 на 50, во која треба да се донесе одлука, Себастијан ќе има предност, едноставно затоа што има поголемо искуство, изјави Биното во Кина, каде викендов се вози трката на патеката „Шангај”.

Според него, Фетел е четирикратен шампион и сигурно е пилотот, кој има поголема веројатност да се бори за титулата.

– Се разбравме и со двајцата пилоти дека по неколку трки работите може и да се сменст – дали поради лоша среќа или поради некоја друга причина – но тогаш и нашата позиција може да се промени. На патеката, тие се слободни да се борат, и ако некој е сигурно побрз од другиот, тоа ќе биде поволно, додаде шефот на Ф1 тимот од Маранело.

Нови вести

Манчестер јунајтед постави негативен рекорд

Filip

Дебакл на Јунајтед на гостувањето кај Евертон

Filip

ПСЖ нуди 65 милиони фунти за Заха

Filip