March 25, 2019 21:52
Свет

Бил и Мелинда Гејтс: Глобалниот ангажман е наша должност

Глобалниот ангажман е патриотска должност и лидерите имаат обврска да го заштитат, изјавија Бил и Мелинда Гејтс во годишното писмо од фондацијата Гејтс, добротворна организација основана во 2000 година.

„Национализмот е деликатен термин, но многумина ќе се согласат до одреден степен, дека првата обврска на државата е кон себе си”, напиша Мелинда Гејтс.

„Бил и јас ја сакаме нашата земја. Веруваме во она за кое се залагаме. Се согласуваме дека нашите лидери имаат должност да го заштитат, и поради сите овие причини го сметаме глобалниот ангажман за наша патриотска должност”, додаде таа.

Во интервју за ДПА, по повод годишното писмо, Бил Гејтс рече дека кога станува збор за климатските иновации, највозбуден е за вештачкото месо  -Очекувам дека производот ќе станува сè подобар и подобар, вели основачот на Мајкрософт.

На прашањето дали чувствува притисок да се вклучи во пополнувањето на финансиските дупки за развој со оглед на тоа дека некои влади се повлекуваат, Гејтс вели дека постои „прилично силна морална обврска” за земјите да продолжат да придонесуваат сè до пронаоѓањето лек за СИДА, додавајќи дека Фондацијата Гејтс не може да го пополни јазот.

Нови вести

Најмалку 10 ракети истрелани од Газа кон Израел

Filip

Венцуела повторно во мрак

Filip

Авион по грешка слетал во друга држава

Filip