December 16, 2019 09:41
Магазин

Бил Гејтс признава дека задоцнил со Windows Mobile, оставајќи му го пазарот да го освои Android

Коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, изјавил дека е негова вина што компанијата пропуштила можност на време да развие “Windows Mobile”, за да стане основа на оперативниот систем за преносни уреди. Главна причина за тоа, според неговите зборовите, бил антимонополскиот случај кој во тој период против Microsoft го водело американското Министерство за правда, на што таа компанија била примарно сконцентрирана.
Таа тужба имала многу лошо влијание на Мајкрософт, бидејќи компанијата не можела да се фокусира на креирање на оперативен систем за мобилни телефони, рекол Гејтс во интервју кое го дал на The New York Times DealBook конференцијата.
Тој смета дека тоа е главната причина зошто денес на мобилните телефони доминира Android наместо Windows Mobile. Поради таа тужба во Microsoft не успеале да го подготват Windows Mobile OS за неименуван телефон на Motorola.
Се претпоставува дека станува збор за Moto Droid моделот од 2009-та година, прв Android уред кој Motorola го направила. Тој телефон имал големо влијание во популаризацијата на Android во САД.
Бил Гејтс вели дека Microsoft бил блиску до тоа Windows Mobile да победи, но смета дека тој самиот не обратил доволно внимание на тоа и дека ја пропуштил шансата.
Microsoft задоцнил само три месеци, а да успееле да го завршат OS порано, сигурен е дека Motorola ќе се одлучела за Windows Mobile. Меѓутоа, Android ја искористил својата шанса и денес луѓето речиси да не знаат што е тоа Windows Mobile.

Нови вести

„Брилијантин”: Повторна средба по 41 година

Valentina

Род Стјуарт најстар машки изведувач на врвот на топ-листата на албуми во Британија

Valentina

Елка од 14 милиони евра 

Valentina