October 15, 2019 11:44
Свет

Бил Гејтс од почетокот на годинава заработил 16 милијарди долари

Иако годинава донираше над 35 милијарди долари во хуманитарни цели, Бил Гејтс од почетокот на 2019. заработил 16 милијарди, па сега „вреди“ 106 милијарди долари.

„Се работи за едноставна стратегија на инвестирање – над 60 проценти од моето богатство го држам во акции“, кажа основачот на „Мајкрософт“ во интервју за „Блумберг“.

Околу 60 милијарди долари од богатството на Гејтс од понеделник се наоѓа во акции што ги поседува, па благодарение на тоа, објаснува советникот за инвестиции на Гејтс, тој успеал да ја изгради најголемата приватна фондација во светот без да го намали своето богатство.

Сепак, ова може да се промени доколку во САД се воведат повисоки даноци, што во последниве денови го најавуваат светските печатени медиуми на своите насловни страници.

„Се сомневам дека данокот за богатите ќе помине, но јас не сум против. Најблиску до тоа се даноците на недвижностите, за кои силно се залагам да се вратат на 55 проценти, односно на нивото кое беа пред неколку децении“, рече Гејтс.

Иако е втор најбогат човек во светот (зад сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос), Гејтс е познат како заговорник за повисок данок на приходите на најбогатите Американци и поголема транспарентност.

Нови вести

Најмалку 36 жртви на тајфунот Хагиби во Јапонија

Igor

Иран се нуди да посредува меѓу Курдите и Турците

Filip

Хонг Конг: Во метро станица фрлени молотови коктели

Filip