October 21, 2020 12:21
Спорт

Билиќ казнет со осум илјади фунти

Менаџерот на Вест Бромвич, Славен Билиќ е казнет со 8.000 фунти за спор со судијата на натпреварот помеѓу неговиот тим и Евертон.

Хрватскиот стручњак беше отстранет од трибините по спорот со судијата Мајк Дин за време на паузата на натпреварот помеѓу ВБА и „карамелите” минатата недела.

Билиќ го оспори црвениот картон на Киеран Гибс, покажан за неспортско однесување против Хамес Родригез.

На „Гудисон Парк”, Евертон го победи Вест Бромвич со 5-2.