August 10, 2022 21:48
Магазин

Била зависна од таблети и алкохол сè додека не се соочила со реалноста: „Мислиш дека си феноменална, но всушност си мртва“

Актерката Џејми Ли Кертис е родена на 22 ноември 1958 година во Лос Анџелес, а кариерата ја започна со улога во култниот хорор „Halloween“.

Со години глумеше во големи филмски хитови, а оваа година објави дека прославува 22 години апстиненција од алкохол и таблети.

Кертис објаснила дека со помош на Бог и неколку пријатели успеала да побегне од зависноста и дека веќе 22 години е „чиста“. Џејми има „историја на болеста“ во семејството бидејќи нејзиниот татко, славниот актер Тони Кертис се борел со зависноста од кокаин, хероин и алкохол, а нејзиниот полубрат Николас Кертис починал од предозираност со хероин во 1994 година.

Пред 3 години актерката признала дека во текот на 90-те била зависна од таблети и дека зела дрога заедно со својот татко, но тоа се случило само еднаш во нејзиниот живот.

„Никогаш не сум пиела алкохол или таблети додека сум работела. Никогаш не сум се дрогирала пред 17 часот, никогаш не сум земала таблети во 10 часот наутро. Тоа го правев доцна попладне или навечер – се чувствував како да влегувам во топла купка од опијати“, изјавила Џејми Ли Кертис, додавајќи дека никој не знаел за нејзината зависност.

Но, една вечер таа испила 5 „викодин“ таблети заедно со чаша вино без да забележи дека нејзината пријателка ја гледа. Тогаш таа ѝ рекла:

„Мислиш дека си феноменална, но всушност си мртва“.

Тоа било знак, а Џејми го разбрала. И затоа сега ја гледаме во „Halloween Kills“ како конечно (веројатно) го победува Мајкл Мајерс.