December 7, 2022 20:13
Економија Македонија

Бизнисот има една алтернатива- или државата ќе помогне или ќе се затворат капацитетите

Поради сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа стопанството, со оглед на високите сметки за електрична енергија, зголемени до 6-пати (за што ниту една компанија во државата не е виновна), Комората бара од Владата најдоцна до 5.10.2022 година, за кога е закажана седница на Економскиотсовет, да донесе мерки кои ќе го ублажат силниот ценовен удар.

Повеќе од 1600 правни субјекти кои се наоѓаат на слободниот пазар на 30.9.2022 година беа анкетирани за моменталната состојба и врз основа на нивните кажувања се добиени следните сознанија:

  • Се наоѓаат во исклучително тешка состојба. Започнат е процесот на намалување на вработените, редуцирање на производството и на затворање на капацитетите. Ескалацијата ќе биде во наредните два месеци кога се склучуваат договорите за снабдувањесо струја за наредната година.
  • Оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат, фирмите излез бараат во враќањето на регулираниот пазар. Комората регистрира случаи на правно преструктуирање (делење на фирмите за да се исполнат условите за влегување на регулираниот пазар), што може да доведе до сериозни последици за сиот енергетски систем, исто како и за отпуштените работници, кои, иако дома имаат субвенционирана цена на струјата, нема да можат да ја платат.

СКСМ укажува дека без државна поддршка 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои имаат 6.000 вработени, приход од 1 милијарда евра, наредната година,споредовие цени, би требало да платат половина милијарда евра, со што ќе сенаруши нивната конкурентност и ќе се удри врз темелите на македонската економија.

За другите компании на слободниот пазар Комората сугерира, врз основа на сите компаративни анализи, да добијат определена базна цена над која државата би ги покривала трошоците и со тоа бисе создале неопходните претпоставки за некаква предвидливост, која е основа на бизнисот.

 

Барањата се оправдани и економски издржани за да се зачува ценовнатаконкурентност на македонските производи, во услови кога за мегават час Србија има цена од околу 100 евра, Босна и Херцеговина– 65 евра, Косово– 70 евра, Бугарија има поставена лимит-цена од 128 евра, износ над кој трошокот го покрива државата, Романија има цена од околу 180 евра, а Грција прогнозира максимално ниво на цена од 220 евра за мегават час, со субвенционирање на другиот дел од реалната вредност на цената на струјата.

Исто така, ова апсолутно не е момент за каков било дополнителен фискален товар за бизнис-секторот во однос на државата, без оглед на тоа дали станува збор за промена на постојните даноци, воведување нови даноци или за укинување на даночни ослободувања и сл.

СКСМ ги цени напорите на сите субјекти во државава кои се трудат да му помогнат на бизнисот, но, исто така,е свесна за состојбите на глобално и на регионално ниво и затоа цениме дека е потребно да ги известиме сите меѓународни коморски институции во кои членуваме и да побараме помош од нив.

Не исклучуваме и други мерки кои ќе бидат преземени во однос на потребите