Спорт

Биелса: Лидс е тим на бунтовници

Лидс, тимот на македонскиот фудбалски репрезентативец Езџајн Алиоски направија големо изненадување победувајќи го на „Етихад стадионот“ како гостин лидерот во англиската премиерлигашка конкуренција Манчестер сити (1:2)..
Победата на Лидс за кого сите 90. минути ги одигра Алиоски добива на тежина доколку се знае дека второто полувреме во кое падна и побеничкиот гол, гостите го одиграа со играч помалку по исклучувањето на Купер. Очекувано, задоволен од победата беше менаџерот на Лидс, Марсело Биелса.

– Вредоста на победата е поголема бидејќи е остварена во натпревар на кој бевме со играч помалку. Неопходно беше да се демонстрира карактер и труд и тоа го остварија момците. Мислам дека победата е поради духот на нашите играчи. Кога заеднички со трудат тогаш успеваме да завршиме многу тешки задачи како што беше денеска. Поради тоа мислам дека ја заслуживме победата, но поштено ќе беше да победи Сити бидејќи доминираше и имаше свои шанси. Но, ние сме тим на бунтовници и поради тоа лесно ги пребродуваме тешките ситуации. Не се откажуваме, бидејќи тоа не е нашиот стил – изјави Биелса.

AnimeFreak anime sites: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 10

AniWatch dubbed anime: Watch My Hero Academia 2 Episode 25 (https://aniwatch.pro/m/VnXB/ep-25)