December 9, 2022 23:11
Спорт

Бејтулаи дополнително повикан за дуелите со Грузија и Бугарија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, дополнително го повика Егзон Бејтулаи  од тетовска Шкендија за дуелите со Грузија и Бугарија од Лигата на нации кои се играат в петок и в понеделника. Денеска, македонската репрезентација ги почнува мини-подготовките (17.30ч.) за двата последни дуели од групата во сегментот Ц. Десниот бек на Шкендија Бејтулаи ќе треба да биде замена за капитенот Стефан Ристовски, кој поради повреда на ахиловата тетива нема да може да се стави на располагање. Бејтулаи за македонската репрезентација има одиграно 22 натпревари, а полседниот му беше против Австрија, на ЕП минатото лето.

Бејтулаи засега е единствениот дополнително повикан фудбалер, без оглед што во последен момент откажа и напаѓачот Ваљон Етеми, а претходно се знаеше дека ќе го немаме на распоалгање и напаѓачот Дарко Чурлинов.