October 29, 2020 03:00
Спорт

Бејл се поблиску до излезната врата на „Сантијаго Бернабеу“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Велшанецот Герет Бејл е пред излезната врата на „Сантијаго Бернабеу“. Капитенот на Велс се очекува наскоро да го напушти Мадрид и да се врати во англиската Премиер лига. Бејл ќе се врати во редовите на Тотенхем од каде во 2013 година дојде во Мадрид за тогаш рекорден трансфер во фудбалскиот свет.

-Бејл на соиграчите има рекол дека заминува, наведува новинарот Романо.

Менаџерот на Бејл, Џонатан Барнет за ББЦ потврдил дека трансферот е блиску до реализација.

Реал и Тотенхем веќе постигнале договор за позајмица. Бејл како позајмен играч оваа сезона ќе настапува во Тотенхем за годишна плата од 13 милиони фунти. Дел од платата ќе ја исплаќа и „кралскиот клуб“. Ваков договорот доцна синоќа постигнале раководните луѓе на Реал Мадрид и на Тотенхем. Скапиот Герет Бејл веќе подолго време е незадоволен од статусот во редовите на кралскиот клуб и не е во добри односи со тренерот на Реал Зинедин Зидан.