August 19, 2022 13:06
Спорт

Бејл го потврди шокантниот трансфер во Лос Анџелес

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Герет Бејл поврди дека следната сезона ќе игра во МЛС лигата со тимот на Лос Анџелес ФЦ, објавувајќи видео на кое е во дресот на американскиот клуб со порака: „Се гледаме наскоро, Лос Анџелес“.

Велшанецот ќе може да почне да игра за ЛАФЦ по отварањето на преодниот рок во МЛС лигата на 7 јули, што значи дека веќе на 8 јули може да игра во дербито против Лос Анџелес галакси. Тој е второ големо засилување за ЛАФЦ по поранешниот капитен на Италија и на Јувентус, Џорџо Кјелини.

Во осум сезони во Мадрид, Бејл освои пет титули од Лигата на шампиони и три трофеи од Ла лига, постигнувајќи 97 голови по трансферот од Тотенхем пред сезоната 2013/14.