November 23, 2020 17:22
Балкан

Бечиќ и официјално нов претседател на црногорскиот Парламент

Лидерот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ, денеска, со мнозинство гласови,  беше избран за претседател на новиот состав на Парламентот на Црна Гора.

Бечиќ беше предложен од трите победнички коалиции, кои ќе формираат нова влада во Црна Гора. За него гласаа 45 од вкупно 71 пратеник.

Претходно, Демократска Црна Гора објави потпишан документ со кој од претседателот Мило Ѓукановиќ се бара мандатот за состав на нова влада да му го додели на Здравко Кривокапиќ, носител на коалициската листа Зе иднината на Црна Гора.

Документот со потписи на пратениците кои ќе го поддржат предлогот на Демократски фронт, коалицијата Црно на бело на Дритан Абазовиќ и Коалицијата на Бешиќ е објавен на Твитер налогот на Демократите

Со тој предлог, како и со изборот на Бечиќ за претседател на Парламентот, трите победнички коалиции докажаа дека остануваат посветени на договорот за формирање нова влада во Црна Гора, по 30-годишното владеење на ДПС на Мило Ѓукановиќ.