December 7, 2021 03:55
Магазин

Беспрекорен стил: Анџелина Џоли на премиерата на „Етерналс“

Анџелина Џоли ги остави присутните без здив кога се појави на црвениот тепих на свечената премиера на филмот „Етерналс“ во Лос Анџелес во понеделникот.

Анџелина го негува својот впечатлив моден израз носејќи одважен златен накит за лице, што внесе дополнителен гламур во нејзиниот изглед.

А на црвениот тепих, на Џоли ѝ се придружија пет од нејзините шест деца, Медокс (20), Захара (16), Шило, 15 и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс, давајќи му на настанот семејна нота.

Во филмот на MCU, 46-годишната оскаровка глуми жестока воинка, Тена, која може да создаде оружје од космичка енергија.

„Етерналс“ ќе почне да се прикажува во киносалите на САД и Велика Британија на 5 ноември.