Македонија

Бесплатна телефонска линија за пријавување на повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител в недела, 21 април, на денот на одржувањето на првиот круг од претседателските избори и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат  сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип,  со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на  следниве телефонски броеви:  Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со  преземање на итни мерки за ефективно  постапување од странa на  надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е  уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека  никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

Нови вести

Се бара модел за одржливост на граѓанските организации

Daniela

Доделени десет стипендии за талентирани средношколци и студенти

Daniela

Камчев и Оливера Трајковска ќе сведочат за „Тортура“

Igor