December 3, 2022 09:57
Скопје

Бесплатен превоз за време на „Бела ноќ“

Ве информираме дека ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“.
Право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани во период од 18 часот во сабота (1.10.2022 год) до 05 часот во недела (2.10.2022 год).
Потсетуваме дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).