June 29, 2022 00:08
Свет

Беспилотни летала над шведските нуклеарни централи – во тек е истрага

Шведската безбедносна служба поведе истрага во врска со беспилотните летала кои беа видени како прелетуваат над три шведски нуклеарни централи, се наведува во денешното соопштение на службата на оваа земја.

Според агенцијата „Ројтерс“, шведската полиција распоредила патроли и хеликоптери во близина на нуклеарната централа Форсмарк во потрага по дронот што прелетал над тие локации во петокот, но не успеале да го фатат.

Во соопштението се наведува и дека дронот бил голем и способен за работа.

Безбедносната служба во соопштение наведува дека беспилотни летала денеска биле забележани и над другите две шведски нуклеарни централи, во Оскаршамн и Рингхалс.

„Безбедносните закани за Шведска се зголемија со пошироки и подлабоки разузнавачки закани“, се вели во соопштението на Службата за безбедност.

Како што се наведува, околу 30 отсто од вкупното производство на електрична енергија во Шведска доаѓа од три електрани.

giftcode go88 danh bai go88 Game Go88 mới nhất 2022 dành cho iphone

đăng nhập game sunwin sunwin apk 2022 sunwin energy