October 23, 2021 00:08
Економија

Бесими: Подобрување на системот за управување со финансиите, еден од приоритетите во рамки на соработката со СБ

Проектот за интегриран информациски систем за управување со финансиите, којшто ќе овозможиинтегрирано следење на приходите и расходите од нивното планирање до целосна реализација, како и проектите за локални патишта, иновации и конкурентност и за одржлив развој на општините се приоритетните проекти што треба да се реализираат во рамки на четиригодишната стратегија за партнерство што Република Северна Македонија ја има со Светска банка.

Ова беше потенцирано на состанокот на министерот за финансии Фатмир Бесими, гувернерката на НБ Анита Ангеловска-Бежоска и тимовите на Министерството за финансии и Народната банка со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, што се одржа во рамки на Годишните средби на ММФ и Светска банка.

На состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, станало збор за и за договорот којшто ќе овозможи реализација на Проектот за итно справување со Ковид-19, а којшто беше потпишан неделава. Воедно се разговараше и за Проектот за модернизација на земјоделството, чијашто реализација ќе се овозможи по усвојување на Законот што е во собраниска процедура.Во рамки на годишните средби, министерот оствари средба и со Џорџина Бејкер,потпретседателка на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка.

Во соработка со ИФЦ, во моментов се спроведуваат неколку проекти, меѓу кои е и проектот за Поврзување на компаниите од Западен Балкан во делот на производствениот синџир на вредности. Проектот ќе помогне да се воспостави регионална  електронска платформа којашто ќе ги поврзе локалните МСП со локалните и глобалните компании, за што во тек е изработка на платформа. Во рамки на проектот ќе се работи и на надградба и продлабочување на капацитетот на локалните фирми.

AnimeDao: Overman King Gainer anime episode 26 online free at https://animedao.nl animedao boku no hero

Watch anime online for free at TwistMoe online anime

Website https://wcostream.cc: Watch Twinkle Heart: Gingakei made Todokanai wcostream Episode Full anime

GoGoAnime: Doraemon the Movie: Nobita and the Spiral City anime episode Full online free at https://gogoanime.be gogoanime seven deadly sins

Bbvietnam: https://bbvietnam.com/members/animefreakws.180957/

Reverbnation: https://www.reverbnation.com/artist/animefreakws