July 10, 2020 05:15
Спорт

Бертомеу: Ќе се обидеме да го одржиме следниот „Фајнал фор” во Келн

Претседателот на кошаркарската Евролига, Жорди Бертомеу изјави дека очекува во сезоната 2020/21 завршниот „Фајнал фор” да се игра Келн, каде што беше планирано да се играат решавачките натпревари оваа година.

– Премногу е рано да се каже дали Келн ќе биде домаќин следното издание Ф4. Ќе направиме напори да го спроведеме ова, изјави Бертомеу.

Тој не гледа причина да не продолжи соработката со сегашниот генерален спонзор.

– Не очекувам измени во смисла на носител на правата на името на турнирот. Ние сме многу задоволни од соработката со „Туркиш ерлајнс”, не се сомневаме дека ќе продолжиме да работиме заедно, како што направивме во изминатите десет години, додаде Бертомеу.