Македонија

Бернската конвенција отвори случај за Охридското Езеро и Галичица

На 41 состанок на Постојаниот комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа, се одлучи да се отвори случајот кој го поднесе Фронт 21/42 за заканите врз Охридското Езеро и Галичица.

Отворањето на новиот случај против Македонија следи откако пред два дена еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42 ги презентираше аргументите од жалбата пред Комитетот и државите потписнички на Конвенцијата, а претставникот на државата извести за мерките за заштита кои ги спроведува земјата.

Наводите во жалбата и извештаите на Фронт 21/42 ги потврдија и телата на двете други меѓународни конвенции кои го заштитуваат нашето најголемо природно богатство – УНЕСКО и Рамсарската Конвенција. УНЕСКО ја сподели загриженоста од одлуката на Комитетот за Светско наследство да не го впише Охридскиот регион во Листата на светски наследства во опасност, додавајќи дека аргументите за прогласување на подрачјето за наследство во опасност се неспорни, а државата веќе доби дополнително време. Од Рамсарската конвенција, на чија листа од оваа година се Охридското Езеро и Студенчишко блато, потврдија дека ги загрижува нацрт-законот за прогласување на Студенчишко блато за Парк на природата кој не предвидува заштитна зона околу блатото.

„И покрај неколкуте интересни активности за кои извести Владата, Комитетот беше длабоко загрижен за состојбата на двете подрачја опишана од страна на подносителот на жалбата и меѓународните организации… Следејќи го барањето на подносителот на жалбата, кое беше поддржано од неколку држави-потписнички, Постојниот комитет одлучи да ја унапреди жалбата во отворен случај“, се вели во одлуката на Постојниот комитет.

Се очекува на пролет во Охридскиот регион да дојде мисија на Бернската Конвенција  која ќе ја процени состојбата на терен.

Отворањето на случајот доаѓа во вистинско време и носи надеж за спас на нашето  најголемо природно богатство, соопшти Фронт 21/42.

anime websites. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

AnimeFreak Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 5

AnimeFreak The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants (Dub) Episode 5

My Hero Academia Season 2

anime freaks website My Hero Academia Season 2 (Dub)