Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) одлучил да не се кандидира за претседател, изјавил за Ројтерс извор од неговата партија Форца Италија.
Состанокот меѓу италијанските партии од десниот центар пред парламентарното гласање, кое започнува на 24-ти јануари, сè уште е во тек.
Централно-десниот блок ги вклучува Лигата, Браќата на Италија и партијата Напред Италија на Берлускони.
Италијанскиот парламент во понеделник треба да започне со избор на нов претседател, а најчесто споменуваните кандидати се актуелниот премиер Марио Драги и поранешниот Силвио Берлускони.
Поранешниот премиер (85) долго време се обидува да ја круниса својата кариера како претседател, но повеќето набљудувачи не веруваат дека тој ќе собере доволно гласови.
Иако е главно церемонијална должност, италијанскиот претседател има значителни овластувања во време на политичка криза – од распуштање на парламентот до избор на нов премиер и отфрлање на мандатите од кревките коалиции.