Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е хоспитализиран во Милано, еден ден откако одлучи да не се кандидира за претседател, пишуваат светските агенции, не наведувајќи детали за неговата состојба.
Портпаролот на Берлускони не одговори веднаш на барањето за коментар.
Премиерот во четири мандати, беше подложен на голема операција на срцето во 2016 година и преживеа рак на простата.
Тој беше хоспитализиран неколку пати минатата година откако се зарази со коронавирус.
Италијанскиот парламент во понеделник треба да започне со избор на нов претседател, а најчесто споменуваните кандидати се актуелниот премиер Марио Драги и поранешниот Берлускони. Состанокот меѓу италијанските партии од десниот центар пред парламентарното гласање, кое започнува на 24-ти јануари, сè уште е во тек.
Централно-десниот блок ги вклучува Лигата, Браќата на Италија и партијата Форца Италија на Берлускони.
Поранешниот премиер (85) долго време се обидува да ја круниса својата кариера како претседател, но се повлече откако стана јасно дека нема да собере доволно гласови.