December 6, 2022 21:00
Свет

Бербок: Лажните референдуми на делови од Украина се спротивност на слободни и фер избори

Лажните референдуми, одржани на делови од Украина, се спротивност на слободни и фер избори, смета германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Таа тврди дека на тие референдуми, за да гласаат, луѓе биле носени од станови и од работни места со закана со оружје.

– Тоа е спротивност на слободни и фер избори, нагласи Бербок.

Како што истакна министерката, „сè додека постои руски диктат во окупираните региони, граѓаните таму не се ниту слободни, ниту безбедни”.