December 7, 2022 20:56
Свет

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни преговори и дека врши терор.

„Како што сега стојат работите, Путин со својот говор во петокот јасно покажа колку е подготвен за преговори“, подвлече Бербок во изјава за дневниот весник „Ное Оснабрикер Цајтунг“.

Според неа, понудата на Путин гласи: „Ви ја одземаме земјата, ги потчинуваме вашите граѓани, а вие тоа треба да го потпишете“, пренесе Танјуг.