February 2, 2023 22:54
Свет

Бербок: Блокадата на Романија и Бугарија за влез во Шенген е лош ден за Европа

Блокирањето на влезот на Романија и Бугарија во Шенген зоната е „лош ден за Европа“, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

На две балкански членки на ЕУ денеска им беше забранет пристапот до подрачјето на Европската унија каде што е можно движење на луѓе без пасош, по приговори предводени од Австрија, пренесува Ројтерс.

„До последен момент се боревме да обезбедиме прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната“, рече Аналена Бербок на прес-конференција во Даблин.