August 14, 2022 21:00
Спорт

Бенфика најде замена за Нуњес во Бразилец од украинскиот Шахтјор

По заминувањето на голгетерот Дарвин Нуњез во Ливерпул, португалскиот гигант Бенфика се засили со бразилскиот крилен напаѓач Давид Нерес (25), кој доаѓа од Шахтјор од Доњецк.

Нерес потпиша петгодишен договор со Бенфика за плата од околу три милиони евра по сезона.

Бразилецот се истакна додека настапуваше за Ајакс, а беше фантастичен во сезоната 2018/19, во која холандскиот клуб дојде до полуфиналето во Лигата на шампиони. За пет сезони во дресот на Ајакс одигра 180 натпревари и постигна 47 голови, додавајќи и 34 асистенции.

Во јануари оваа година премина во Шахтјор, но за украинскиот клуб не одигра ниту еден натпревар поради руската инвазија врз Украина.