August 2, 2021 21:46
Uncategorized

Белорусија: Побарана забрана за работа на водечкото здружение на новинари

Белоруското Министерство за правда вчера побара од судот да ја забрани работата на водечкото здружение на новинари, со што продолжува пресметката на власта со независните медиуми и активисти на граѓанското општество. Министерството побара од највисокиот суд да ја забрани Белоруската асоцијација на новинари, поради наводни недостатоци во документите за закуп на канцеларијата. Новинарското здружение наведе дека не може да обезбеди документи за да одговори на тужбата, бидејќи нејзините канцеларии биле запечатени во минатонеделната полициска рација.

Здружението е формирано во 1995 година и има 1.204 члена. Тоа е најголемото и најреномирано новинарско здружение во Белорусија и е дел од Меѓународната федерација на новинари (IFJ).

Настојувањето на власта да го забрани Здружението се случува во време на остра конфронтација со независните медиуми: според податоците на Здружението, властите извршиле 67 претреси во простории на медиумски куќи и во станови на новинари во изминатите две недели.

Во притвор се наоѓаат 31 новинар, кои ги чека судење или издржување затворска казна.

Властите во понеделникот ги замрзнаа банкарските сметки на белорускиот ПЕН центар, здружение на писатели предводено од Светлана Алексијевич, добитник на Нобеловата награда за литература во 2015 година.

Website https://animefreak.ws: Watch Shokugeki no Souma: Ni no Sara OVA animefreak Episode 2 sites like animefreak

AniWatch: World's Famous Stories for Children: Thumb Princess (Dub) anime episode Full online free at https://aniwatch.pro aniwatch.me

Website https://kissanime.mx: Watch Senran Kagura: Ninja Flash kissanime Episode 12 kissanime haikyuu

Misterpoll: https://www.misterpoll.com/users/1280280

Ignitiondeck: https://ignitiondeck.com/id/dashboard/?backer_profile=101550

Veoh: https://www.veoh.com/users/animefreakws